Терористите во Шведска регрутираат деца: 15-годишно момче е осомничено за пукањето во Малме

„Спирала на насилство“: Терористите во Шведска регрутираат деца, момче уби маж во тепачка со банди
Шведската полиција соопшти дека 15-годишно момче е осомничено за пукањето во трговски центар во Малме, во кое еден маж беше убиен, а една жена е ранета.
Шефот на полицијата во Малме, Петра Стенкула, на прес-конференција изјави дека во трговскиот центар е убиен 31-годишен маж, кој бил цел на нападот, додека една жена која била случаен минувач е ранета.
Таа е тешко ранета, но нејзиниот живот не е во опасност. Од полицијата претпоставуваат дека осомничениот млад човек дејствувал сам, но не ја исклучуваат можноста во делото да се вмешани и други лица. Стенкула рече дека разбира оти луѓето се вознемирени поради инцидентот и оцени дека Малме е зафатен од „спирала на насилство“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Свештеници на Англиканската црква под истрага за…
Седум свештеници на Англиканската црква, вклучувајќи го…
Напикале 130 деца во ЕДЕН АВТОБУС? Детали…
Си платиле за да напикаат 130-140 деца…
Франција забранува пушење на сите јавни места…
Пушењето ќе биде забрането од 1 јули…
ОН: 14.000 деца ќе умрат во Газа…
Шефот на службата на ОН за хуманитарна…
Шведскиот министер за безбедност си поднесе оставка…
Новиот министер за национална безбедност на Шведска,…