Терористичката „Исламска држава“ киднапираше 40 луѓе и уби 15 во централна Сирија

t

Припадниците на терористичката Исламска држава киднапирале околу 40 луѓе во централната сириска провинција Хама и убиле најмалку 15 од нив, објави опозициската организација Сириска опсерваторија за набљудување на човековите права со седиште во Лондон.

Исламската држава беше поразена во Сирија во 2019 година, но сè уште е активна и во Сирија и во Ирак, во мали делови од териториите што некогаш ги сметаше за свој „калифат“ и ги држеше под контрола.

Според Сириската опсерваторија за човекови права, како и државните медиуми, киднапирањата во Хама се случиле во четвртокот, а телата на убиените, некои од нив со пресечени грла биле откриени денеска.
Меѓу загинатите има седум цивили и осум вооружени припадници на сириските племиња, тврди оваа организација.

Провладиното радио Шам ФМ објави дека екстремистите ги нападнале земјоделците додека собирале тартуфи, дека некои од киднапираните паднале како „маченици“, додека контактот со другите бил изгубен.

Заспана ќелија на Исламската држава пред еден месец нападнала луѓе кои собирале тартуфи и убила 53 од нив. Меѓу убиените имало работници, но и припадници на владините безбедносни сили.

Тартуфите се сезонски деликатес во Сирија и можат да се продаваат по висока цена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Терористичката „Исламска држава“ киднапираше 40 луѓе и…

Припадниците на терористичката Исламска држава киднапирале околу…

Полицијата уапси повеќе дилери во Скопје –…

На 25.03.2023 во 00.00 часот на подрачје…

Огромен астероид ќе мине блиску до Земјата

Астероид доволно голем да уништи цел град…

Утре посебен режим на сообраќај во општина…

Поради најавен ракометен натпревар утре, со почеток…

ВАКВА СНИМКА ДОСЕГА НЕ СТЕ ВИДЕЛЕ –…

Во петокот попладне на Твитер беше споделено…