Објавено на:

Тешка сообраќајна несреќа кај Требиње: Две лица загинаа, неколкумина се повредени

t

Две лица загинаа, а повеќе се повредени кога автобус удрил во рид во Дражин Дол кај Требиње, соопшти полициската управа Требиње, јавуваат српските медиуми.

Сообраќајната несреќа се случила околу 6 часот и 30 минути.

„Во тешка сообраќајна несреќа во Дражин Дол загинаа возачот на автобусот и еден патник“, потврдија во Окружното јавно обвинителство Требиње.

Повредени се девет патници од автобусот, кој превезувал работници на екскурзија од Бања лука.

Сите повредени се хоспитализирани во болницата Требиње, но се уште е рано да се зборува за степенот на нивните повреди.  Сите екипи на итната помош биле на терен и ги пренеле повредените во болницата Требиње.

Автобусот од засега неутврдени причини изгубил контрола над возилото и удрил во рид од страната на патот.

Во тек е истрага, а затворен е и патот од правец на Требиње.

Истрагата ја вршат полициски службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот Требиње.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…