Објавено на:

Тешка сообраќајна несреќа на Миладиновци-Штип: Повредени се две лица

t

Тешко повредени се две лица во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Штип – Миладиновци кај бензинска станица кај Свети Николе. Несреќата ја потврди и портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Сообраќајката се случила околу 13:00 часот помеѓу возило „Голф“ со радовишки регистарски таблички и „Ауди“ со скопски регистарски таблички. Возилата се движеле во ист правец.

Според информации од Клиничка болница-Штип, две лица на возраст од 27 и 41 година, односно возачот и сопатникот од возилото „Голф“ се прегледани во Клиничка болница Штип, но поради тешките повреди на карлицата и долните екстремитети се пренесени во Скопје.

Увид извршил Основен јавен обвинител и полициски службеници од ОВР Свети Николе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јужниот дел од Мексико погоден од ураганот…

Агата, најсилниот ураган во историјата, што во…

Експлозија во Филаделфија: Најмалку 4 лица загинаа…

Најмалку четири лица загинаа по експлозија во…

ПОВРЕДЕН РУДАР СВЕДОЧИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО СОКОБАЊА:…

Директорот на Општата болница во Алексинац, д-р…

ОСУММИНА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО РУДНИКОТ КАЈ…

Осуммина рудари загинаа во експлозија на метан…