Објавено на:

Тие не се “непријатели” како нас: Гаспром го зголеми протокот на природен гас кон Унгарија!

t

Руската енергетска компанија „Газпром“ го зголеми протокот на гас кон Унгарија, изјави претставник на Министерството за надворешни работи на оваа земја, а пренесе Ројтерс.

Гасот пристигнува во Унгарија преку „Турски тек“, и тоа преку територијата на соседна Србија.

Унгарија, членка на Европската унија (ЕУ), одржува, како што наведуваат официјални лица од оваа земја, „прагматични“ односи со Москва по руската инвазија на Украина.

Ова создаде тензии меѓу Унгарија и другите членки на ЕУ, кои сакаат заедницата да заземе построг став против Русија.

Унгарија добива околу 85% од својот гас од Русија и силно се противи на какви било европски санкции за увозот на руски гас.

Премиерот Виктор Орбан, исто така, силно лобираше за да обезбеди ослободување на Унгарија од европските санкции за увоз на сурова нафта од Русија.

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто минатиот месец во Москва се сретна со неговиот руски колега Сергеј Лавров, при што побара дополнителни 700 милиони кубни метри гас, покрај веќе постоечкиот долгорочен договор за снабдување со овој енергенс меѓу двете земји.

ЕУ ги повика членките да ја намалат употребата на природен гас за 15 отсто според новиот план кој има за цел да го подготви блокот за можно прекинување на руските испораки.

Планот стапи на сила на 9 август и треба да се применува една година, а според него, земјите од ЕУ се очекува да дадат се од себе за доброволно да ја намалат потрошувачката на гас за 15 отсто помеѓу 1 август и 31 март во споредба со просечната потрошувачка во истиот период од изминатите пет години.

Целта на заштедата на гас е да се подготви за евентуално целосно намалување на испораките на руски гас во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија ќе се развива и нема да…

Расизмот на Запад никаде не исчезна, затоа…

Земјите членки на ЕУ координирано ги повикуваат…

Земјите членки на Европската Унија денеска координирано…

(Видео) Мобилизираните руски регрути учат да пукаат…

Мобилизираните граѓани поминуваат обука за модерна борбена…

Думата утре ќе пресече: Новите ентитети ќе…

Доњецката и Луганската народна република, Запорожје и…

Думата разгледува конечно влегување на украинските региони…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вети дека…