Тито Петковски се повлекува од политика

По цели 17 години на врвот на партијата НСДП, поранешниот собраниски спикер Тито Петковски реши да ја напушти претседателската функција и да им ја препушти партијата на помладите членови.
Ова за „Слободен печат“ го изјавил самиот Петковски, истакнувајќи дека на партијата ѝ е потребна нова енергија.
– Доста е, ако е за аир. На состанокот најавив дека ќе се повлечам од претседател на партијата. Мислам дека на партијата ѝ треба нова енергија и луѓе што ќе може да комуницираат со многу повеќе мотив за претставување на НСДП – изјавил Петковски.
Најсериозни кандидати за наследници на Петковски се потпретседателот на партијата Горан Мисовски и организацискиот секретар Кристијан Трајковски.
Кој од нив двајца ќе ја предводи партијата, ќе се знае на петтиот партиски конгрес закажан за 4 јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црногорскиот премиер најави драконски мерки за оние…
Црногорскиот премиер Милојско Спајиќ вечерва по седницата…
УХМР алармира: Обилен снег вечерва на планините,…
Управата за хидрометеоролошки работи издаде актуелно предупредување…
Заврши заложничката криза во француски затвор, сторителот…
Заложничката криза во затворот во Арл, Јужна…
Вторник е неработен ден – Ова се…
Недаботните денови за 2025 година во продолжение:…
Пензиите во Србија годинава ќе се зголемат…
Годинава пензионерите во Србија ќе добиваат пензии…