Објавено на:

Токио бара извинување од Москва за апсењето на јапонскиот конзул

t

Јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши изјави дека Русија прекршила Виенската конвенција и дека приведувањето на Мотоки Татсунора е „целосно неприфатлив“ потег на Москва, пренесува јапонската новинска агенција „Кјодо“.

Министерот додава дека Токио бара извинување бидејќи приведениот дипломат никогаш не бил вклучен во незаконски активности.

Според руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), конзулот бил фатен на далечниот исток на земјата како прибира доверливи информации за ефектите од западните санкции врз руската економија.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека приведениот јапонски дипломат е прогласен за „персона нон грата“ и му е наредено во рок од 48 часа да ја напушти територијата на Руската Федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија ги повика своите граѓани или да…

Германското Министерство за надворешни работи повторно ги…

Три лица од Турција нападнати кај кањонот…

– Вчера во 18:30 часот во СВР…

Нобеловецот Мухамед Јунус положи заклетва како шеф…

Јунус (84) беше предложен за лидер на…

Гори Вардариште – противпожарни екипи се на…

Попладневно пожар ја зафати поранешната депонија Вардариште.…

Маж вознемирувал малолетнички на Партизанска во Скопје

– Вчера во 23.45 часот на бул.„Партизански…