Објавено на:

Толку од зејтинот: Поради недостиг, германските угостители го бришат помфритот од менито

t

Поради украинската криза, во Германија граѓаните ги празнат полиците со сончогледово масло за готвење, а угостителите први го исфрлуваат помфритот од менито поради недостаток на зејтин и високата цена.

Бидејќи Украина е значаен производител на сончогледов зејтин и маслодајна репка, земја од која Германија ги увезува овие производи, Германците стравуваат дека наскоро ќе мора да се откажат од помфритот.

Првиот угостител кој го направил тоа е Фреди Базел од Дармштат. Како што изјавил за „Билд“ имал проблем со зејтинот за во фритеза, како и дека сончогледовиот е многу скап.

Во јануари Базел плаќал 90 евро центи за литар масло од репка, а денеска истото чини и до четири евра за литар. Тоа е вели прескапо, и било неизбежно драстично да ја зголеми цената на помфритот. Потоа го тргнал од менито.

Во германските супермаркети цените на зејтинот се поскапени за 29 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

51-годишен кичевчанец тепал и ѝ се заканувал…

На 29.11.2022 во 15.00 часот во Кичево,…

Исмаил: Штајнмајер има функција за шетање по…

Портпаролот на Левица, Реџеп Исламил, на Фејсбук…

Левица Битола: Левица не се извинува никому,…

Една недела Бојкоски не дава отчет зошто…

Кога се има визија и напорно се…

Кога се има визија и напорно се…

Блинкен: Русија варварски војува против цивилите во…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во…