Трагедија во Бугарија: Девојче почина за време на предавање во училиште

Ученичка од англиската гимназија во Бургас починала на час, пренесуваат бугарските медиуми.
Трагедијата се случила откако на девојката ѝ се слошило за време на часот, објаснува БНР.
На детето му се слошило во училницата. Интервенирало медицинско лице кое ја освестило девојката. Но, после тоа и покрај интервенцијата на повиканата екипа на „Брза помош“, девојчето повторно изгубило свест, објаснуваат од раководството на образовната установа.
На местото на настанот била повикана екипа за реанимација која интервенирала, но девојчето починало. Трагедијата е голема, коментираат и од училиштето.
Соучениците на девојчето се во шок, а наставата е прекината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина бара од Бугарија да ѝ даде…
Украина ја охрабрува Бугарија да ги даде…
Минималната плата во Бугарија следната година ќе…
Од следната година се очекува минималната плата…
Молотов коктел фрлен врз црква во Бугарија
Груб напад врз црква во Варна. Маж…
Милков: Во Македонија владее неказнивост и сите…
Откако францускиот предлог беше прифатен од РМ,…
Бугарија: Македонија ограничува основни човекови права и…
Министерството за надворешни работи на Бугарија "со…