Трагедија во Грција: Четири деца се задушиле со гас дома, најстарото не преживеало

t

Според медиумите, момчето (16) го загубило животот, две од неговите сестри биле интубирани, додека третата сестра исто така е во тешка состојба. Децата утрово биле пронајдени во куќата без свест. Според медиумите, родителите спиеле во горната соба, додека децата биле на приземје. Кога утрово мајката се симнала, забележала дека ниту едно од децата не се движи и веднаш повикала брза помош, објави Катимерини.

За жал, не долго откако сите биле префрлени во болница, лекарите можеле само да констатираат смрт на момчето. Неговите три сестри на возраст од 15, 18 и 20 години се во исклучително тешка состојба.

Во болница се хоспитализирани и таткото и мајката, но според грчките медиуми не биле забележани здравствени проблеми.

На трагедијата наводно ѝ претходело поставување резервоар за плин од надворешната страна на куќата. Се уште не е познато како дошло до истекувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Грција: Четири деца се задушиле…

Според медиумите, момчето (16) го загубило животот,…

Дудуш ѝ се закани на Арсовска: Или…

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш преку…

ТРАГЕДИЈА: Возач (22) и сопатничка (21) загинаа…

Охридската полиција утринава во 07:21 чaсот добила…

За сквернавење на македонското знаме: ОЈО бара…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Скандал во Советот на Град Скопје: Славевски…

Скандал во Советот на Град Скопје. Претседателот…