Трагедија – Во Италија се удави 9-годишно девојче со потекло од Македонија

t

Трагедија се случила вчера во Италија, откако некаде околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близината на Тревизо, се удавило 9-годишно девојче по потекло од Македонија, пренесува „Ла Трибуна ди Тревизо”.

– Девојчето, Адна Ислам, со македонско потекло и жителка на Кавасо дел Томба, било со своето семејство, родителите Ихмет и Наила и помалите брат и сестра, на попладневен одмор покрај брегот на реката Пјаве. Малата Адна си играла на камењата со други девојчиња кога се лизнала и паднала во реката и исчезнала веднаш, повлечена од водната струја, пишува весникот.

Брзо пристигнале пожарникари, карабинери и нуркачи. Нуркачите од противпожарната бригада го пронашле телото на несреќното девојче околу 18:30 часот, заробено меѓу камења.

Како што пишува весникот, градоначалникот и неговата заменичка трогнати од несреќата изразиле длабоко сочувство и подготвеност да му помогнат на семејството на секој начин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија – Во Италија се удави 9-годишно…

Трагедија се случила вчера во Италија, откако…

(Видео) Вучиќ апси, испрати полиција да ги…

Српското МВР објави дека полицијата ги отстранила…

„ТУКА ЌЕ СПИЕМЕ АМА КОЖУФ НЕ ГО…

Дозвола издадена од Општина Кавадарци кон крајот…

Aпасиев со жестока реакција по пресудата за…

Премиерот #Мицика тужел опозициски ПРАТЕНИК за клевета…

„ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ГОДИНИ НА…

Фактот што од година на година се…