Трагедија во Струмица: Едно лице загина во пожар

t

Едно лице загина во пожар што избувнал синоќа по 20 часот во куќа на улица „Пиринска“ број 26 во Струмица.

Според информациите од ТППЕ Струмица, загинатиот во пожарот е член на семејството кое живеело во куќата и засега се непознати причините за трагедијата.

-Пожарот е пријавен во 20:16, а во гаснењето учествуваа три против пожарни возила и 9 пожарникари. Пожарот е ликвидиран за еден час, но за жал во него има загинато едно лице, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Во моментот телото на загинатиот се уште не е извлечено, а екипи на ЈО Струмица и полицијата вршат увид на местото на пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој рече дека земјоделието не е исплатливо?…

Во земјоделските пластеници на 48-годишен струмичанец полицијата…

(Видео) Струмица како Венеција: Градот плови по…

Големо невреме проследено со град и грмотевици…

Костадин Костадинов и неговата девојка маскирани како…

Атанас Костуранов и Катерина Јовановска се избрани…

Струмичанец ќе одговара за објава на Фејсбук

СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.С.(34)…

(Видео) Црни облаци чад: Горат депонија и…

Пожар избувна денеска на пладне кај Струмица…