Трагедија во Струмица: 22-годишно момче убиено во крвава пресметка меѓу две семејства

22-годишно момче вечерва е убиено во Струмица во тепачка меѓу две семејства, во која има и повредени две жени и шеснаесетгодишно дете.
Веста за медиумите ја потврди директорката на струмичката болница, д-р Катерина Кузмановска, која информираше дека момчето било прободено и било донесено мртво во болницата, додека повредените се надвор од животна опасност.
Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, пријавен e инцидент на улица „Бетовенова“ во Турското Маало во градот, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Повеќе информации за овој трагичен случај од полицијата најавуваат за утре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали за сообраќајката кај Струмица: Три лица…
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа…
Сообраќајна несреќна на патот Струмица – Ново…
Од АМСМ известуваат дека сообраќајот на магистален…
Драма на “Бит Пазар”: Тигрите апсеа вооружен…
На 02.08.2022 на подрачје на Бит Пазар,…
Жена искршила кафана во Гостивар
Ноќва во 01.20 часот во Трговски центар…
Пожарите не стивнуваат: Моментално гори во Струмица…
Во земјава активни се два пожара, меѓу…