Објавено на:

Трагедија во Тетово: Се удави 6 годишно дете – На терен се ЕБР и САЕ “Тигар”

t

Попладнево дошло до трагедија во Тетово, откако 6-годишно дете се удавило во водите на реката Пена. Како што објави Центарот за управување со кризи, детето паднало во надојдената вода на реката.

-Денеска во 14:00 часот преку Е-112 добиена е информација за дете на возраст од 6 години во населба Красниќи во Тетово, кое играјќи покрај брегот на реката Пена позади куќата во којашто живее, паднало во надојдената вода на реката.


Неговата бремена мајка го забележала падот на детето и веднаш влегла во надојдената вода. По 50тина метри, носена од брзата вода неколку мештани успеале да ја извлечат на брегот од реката, но за жал не и детето. Веднаш по дојавата, Центарот ги алармираше сите субјекти – екипите на Територијалните противпожарни единици, екипите на СВР Тетово, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брза интервенција ЕБР и тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, кои со помош на чамци ја пребараа целата област. За жал и покрај брзата интервенција, телото на детето е извадено од реката во безживотна состојба, соопштија од ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девет месеци нема одговорност за пожарот во…

Обвинителството тактизира за случајот со изгорената модуларна…

Драма во Тетово: Лица од Гајре и…

Тетовски полицајци вчера во Шипковица пукале во…

Полицијата изврши претрес во Тетово и приведе…

Синоќа во 21.00 часот, полициски службеници на…

Крадењето стана бизнис: Жена од Тетово украла…

Тетовската полиција расчисти две кражби на златен накит извршени…