Трагедија: Маж загина по удар од приколка во Младо Нагоричане

t

Шеесет и петгодишен жител на село Младо Нагоричане починал откако бил прегазен од приколка која ја превезувал со товарно моторно возило.

Несреќата се случила вчера, околу 11 часот на крстосницата од улицата „Ѓорче Петров“ и крак од оваа улица во кумановската населба „Перо Чичо“.

– Л.Д.(65) од с. Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, бил удрен од приколка и починал на местото. Тој со товарно возило влекач „ман“ со приколка со кумановски регистарски ознаки превезувал работна машина багер. На местото на настанот го запрел возилото и со сопатникот Љ.Б.(37) од село Бразда, започнале со истоварање на работната машина од приколката. Откако Љ.Б. влегол во багерот, Л.Д. останал надвор од возилото да му дава насоки да го спушти од приколката. Притоа, приколката се придвижила, при што влекачот удрил во паркирано патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.В.(47) од Куманово, кој се здобил со повреди, констатирани во болницата во Куманово. Во обид да го запре возилото, Л.Д. бил прегазен од приколката и од здобиените повреди починал на местото, информираа од полицијата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител, екипа од СВР Куманово и трудов инспектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео)Одговорни за нелегалниот објект се МВР кои…

Министерот за економија Бесар Дурмиши на денешната…

(Видео-галерија) Македонија во црно… Илјадници луѓе низ…

Илјадници луѓе низ цела Македонија на мирни…

„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…

Трагедијата која го погоди Кочани и целата…

ТЕНЗИЧНО ПРЕД КОЧАНСКАТА БОЛНИЦА Родители со жив…

Огорчените родители кои во пожарот ги изгубија…

Tрагедија на пат кај Дубровник – карпа…

Тешка сообраќајка се случила утрово околу 7:30…