Објавено на:

Трагедија на сточен пазар: Бик усмрти човек во Гостивар

t

Денеска (7 јули) во 9 часот во СВР Тетово пријавено е дека на добиточниот пазар во Гостивар, при истоварање од камион, бик го удрил неговиот 82-годишен сопственик Љ.С.од село Врбен, гостиварско, при што Љ.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде веднаш бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Набргу,тој им подлегнал на повредите.

Јавен обвинител и екипа Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на настанот, а телото, по извршениот медицински преглед, било предадено на семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Најмалку 14 лица загинаа откако автомобил…

Најмалку 14 лица се повредени, од кои…

Трагедија во Валандово: Млад маж пронајден мртов…

Во полицијата синоќа околу 19:30 часот било…

Хорор во Гостивар: Човек убиен во семејна…

52-годишен жител на Гостивар починал откако бил…

Трагедија во Прилеп: Маж почина откако бил…

На 29.07.2022 околу 13.20 часот во Полициска…

Жена искршила кафана во Гостивар

Ноќва во 01.20 часот во Трговски центар…