Објавено на:

Трагедија: Се преврте автобус кој се враќал од свадба, има загинати

t

Најмалку 10 лица загинаа денеска, а 11 се повредени при превртување на автобус во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, објави веб-страницата на полицијата на Нов Јужен Велс.
Повредените со хеликоптери и амбулантни возила се пренесени во болница, а 18 патници не се повредени.
Несреќата се случила во близина на градот Грета, на околу 180 километри северно од Сиднеј.

Возачот на автобусот (58) под полициска придружба бил пренесен во болница за да му биде извршено задолжително тестирање на дрога и проценка на состојбата. Причината за несреќата се уште не е позната.
Австралискиот портал „Nine News“ наведува дека се верува дека автобусот кој ги враќал гостите од свадбата се превртел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австралија им се извини на жртвите од…

Скандалот со талидомид е „едно од најтемните…

Драматично спасување од завеан автобус во Србија:…

Пожарникарите-спасувачи ноќеска евакуираа граѓани од завеан автобус…

Роберт Милошески стана прв советник со македонско…

Роберт Милошески на неодамнешните локални избори стана…

Јапонија ја покани Австралија да учествува на…

Јапонија денеска објави дека ја поканила Австралија…

Судар меѓу автобус на ЈСП и автомобил…

На бул. АСНОМ во Скопје ноќеска пред…