Траги-комедија: Каевски најавува апсење на Груевски кога ќе стапне во земјава

Не издржа срце “јуначко” па и СДСМ не останаа покуси и ја коментираат преписката помеѓу Никола Груевски и Христијан Мицкоски на цосијалните мрежи, конфликт кој започна во текот на вчерашнипт ден откако Мицкоски отворено го нападна поранешниот премиер во интервју за германски медиум.
– За Никола Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава. Но, нема дилема дека Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ, и затоа Мицковски е толку нервозен, изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски на денешната прес-конференција.
Според него, внатрепартиските проблеми во ДПМНЕ очигледно се големи, но вели дека СДСМ нема намера да се меша во меѓусебната пресметка во ДПМНЕ и анти-ЕУ кампот.
-Мицкоски да не остави надвор од внатрешните поделби и сам да си ги решава кавгите во ДПМНЕ. Особено што токму Христијан Мицкоски треба да одговори за диловите со Груевски. Дали на овој начин Мицкоски ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него? Политиката на блокада на Мицковски е само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него, рече Каевски.
На социјалните мрежи буквално се води војна меѓу граѓаните и членови на ВМРО-ДПМНЕ кои дадоа поддршка за Груевски и дувлото на Мицкоски кое очигледно е активирано и ставено во највисок степен на “борбена готовност”.
На Фејсбук и Твитер се активни неколку анкети на кои поранешниот премиер Груевски убедливо води во споредба со Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Беса Адеми била соработник на ДБК, добивала…
Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми се…
СДСМ и ДПМНЕ се обединети во предаторска…
СДСМ и ДПМНЕ се обединети во предаторска…
ВМРО кворумска повторно заеднички со СДСМ и…
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска заеднички изгласаа директор…
Апасиев: Честито на младите, широката коалиција СДС-ДПМНЕ…
Лидерот на Левица и пратеник во Собранието…
Груевски: Рестартирање на пропаднатите “споменици на транзицијата”,…
Претходната Влада предводена од Груевски започна проект…