Траги-комична одбрана на Меџити: Секаде има дивоградби

По случувањата на релација Град Скопје-Општина Чаир и обвинувањата за криминал со дивоградби, вицепремиерот и членот на ВЛЕН, Изет Меџити релативизира во својот одговор и вели дека градоначалничката Данела Арсовска прво треба да одговори за хаосот во градот и екоцидот. Вели дека не се памти ваквата хигиенска состојба. Меџити обвинува дека Арсовска не направила ништо за Чаир, а наплаќа даноци од граѓаните на општината.
-Она сработила за ДУИ и Беџети. Кога сме веќе тука, има податоци. На ниво на државата има над 200 илјади дивоградби, а Чаир учествува само со 1,6% и не може да биде лидер во тоа. На ниво на Град Скопје, Чаир е шеста општина по дивоградби. Ја повикавме за Сарај, ама се вадеше дека општината е надвор од градот. Не е точно. Ја прашавме и за Шутка и тогаш пак добивме одговор дека нема надлежности, рече Меџити во емисијата „24 анализа“.
Тој смета дека градоначалничката нема основа за напади, иако поднесе официјални документи до Основното јавно обвинителство.
-Која општина нема дивоградба. Нема згради во Карпош, Центар, другите општини…праша вицепремиерот и повторно ја праша Арсовска зошто не доаѓа во контрола на објектите кои ги гради пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети.
Меџити не смета дека овој скандал ќе дојде до него и рече: „Зошто да се плашам. Работено е по закон“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Траги-комична одбрана на Меџити: Секаде има дивоградби
По случувањата на релација Град Скопје-Општина Чаир…
СДСМ: Мицкоски не смее да му писне…
Секој ден што минува, сè појасно станува…
Арсовска достави нови докази до ОЈО: Само…
Градоначалничката на Град Скопје објави дека до…
СДСМ: Кој е интересот на Мицкоски што…
Прес конференција на СДСМ, Љубица Јанчева координаторка…
А да ги ѕирнеше дивоградбите во Чаир?…
Вицепремиерот и министер за животна средина и…