Трамп го поддржа Орбан на претстојните избори во Унгарија

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп му даде поддршка на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на претстојните парламентарни избори во земјата, опишувајќи го го како „силен лидер“.
Во соопштение објавено синоќа, Трамп истакна дека унгарскиот лидер ја има неговата „целосна поддршка и одобрение“ на изборите во април.
Орбан изврши моќна и прекрасна работа за заштита на Унгарија, спречување на нелегалната имиграција, создавање нови работни места, развој на трговијата, и на претстојните избори треба да му се дозволи да продолжи – изјави Трамп.
Крајно е необично поранешни или сегашни претседатели на САД да даваат јавна поддршка за кандидати на изборите во други земји.
Орбан во 2016 година беше првиот лидер на земја членка на ЕУ кој даде поддршка на кандидатурата на Трамп на претседателските избори во САД. Во 2019 година Орбан беше гостин на Трамп во Белата куќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БРУКА НЕВИДЕНА: Функционер на ВМРО-ДПМНЕ ѝ се…
Партијата како организација нема помогнато за уставобранителите,…
,,ЌЕ ИМ ДАДЕМЕ ПАРИ АКО ОДАТ НА…
Повеќето од нив можеби немаат финансиски или…
Груевски беше преголем за овој народ: Направи…
Груевски придаваше вредност на секоја пора од…
(Видео) Бербок на Мицкоски му кажала дека…
За целата ситуација во опозицијата јас го…
Неовластено поставил 50 лежалки и 25 чадор…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(65)…