Трамп: Добар и стратешки важен разговор со Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша својот неодамнешен телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски како „добар“ и „стратешки важен“.
„Имавме добар разговор. Разговаравме за различни работи. И имавме многу добар разговор. Мислам дека беше многу, многу стратешки разговор“, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион, објави денес Укринформ.
Трамп додаде дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина.
„Им помагаме и ќе продолжиме да им помагаме. Тоа е прилично тешка ситуација. Ќе видиме што ќе се случи“, рече Трамп.
На прашањето дали САД би се согласиле да испорачаат повеќе ракети „Патриот“ на Украина, како што побара Зеленски, Трамп рече дека на Украина „ѝ се потребни американските системи за своја одбрана“.
„Ќе им треба нешто, бидејќи се погодени доста силно“, рече Трамп, кој ги пофали целокупните перформанси на системот „Патриот“.
Американскиот претседател го повтори своето незадоволство од телефонскиот разговор со рускиот лидер Владимир Путин во четврток.
„Се чини дека тој (Путин) сака да оди до крај и само да продолжи да убива луѓе. Тоа не е добро. Не бев задоволен од тоа“, рече Трамп.
Зеленски го опиша својот неодамнешен разговор со Трамп како „важен и продуктивен“, истакнувајќи дека клучни теми биле ситуацијата на фронтот, руските воздушни напади, испораката на системи за воздушна одбрана и потенцијалниот иден мировен договор со Русија, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…