Објавено на:

Трамп му се обрати на Путин: Објави се што имаш за Бајден!

t

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги објави сите компромитирачки информации за семејството Бајден и односите на Хантер Бајден со олигарсите во источна Европа, пишува лондонски „Гардијан“.

– Мислам дека Путин ги знае одговорите на тоа и треба да ги објави. Сметам дека треба да го добиеме тој одговор, изјави Трамп во интервју за американскиот „Just the News“, алудирајќи на наводен бизнис на Хантер Бајден во Русија.

Трамп се повикува на извештајот на Сенатот од 2020 година во кој се наведува дека рускиот олигарх Јелена Батурина, во тоа време сопруга на градоначалникот на Москва, пред десет години обезбедила 3,5 милиони за компанија основана од синот на претседателот Џо Бајден, без притоа да се појасни зошто се доделени тие средства, прецизира „Гардијан“.

– Како градоначалникот на Москва и неговата сопруга, му дале на семејството Бајден три и пол милиони долари? Мислам дека Путин сега би сакал да даде одговор. Сигурен сум дека знае, изјави поранешниот американски претседател.

Порота во САД го истражуваше бизнисот на Хантер Бајден поради сомневања за даночни прекршувања, странско лобирање и перење пари, но тој негираше каква било вина, пишува „Гардијан“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кирилов: Документите покажуваат дека Американците “си…

Новообјавените документи ги потврдуваат американските обиди за…

Вучиќ: Горд сум што го зачувавме мирот!

Горд сум што успеавме да го зачуваме…

НАТО членките го потрошија своето оружје во…

Две третини од земјите на НАТО го…

Спасовски: Државата и граѓаните се безбедни со…

Со #СДСМ, граѓаните и државата се на…

Кадиров: Целта на специјалната операција е целосно…

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, на апликацијата…