Трамп: Русија можеби „купува време“, и јас сум го правел тоа во минатото

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека Русија м„игра на време“ и се обидува да го одложи постигнувањето на целосно примирје со Украина. Но, и натаму верува дека Москва на крајот на краиштата сака да ја заври војната.
На прашање на новинар на „Њузмакс“, дали мисли дека Кремљ одолговлекува, Трамп одговори дека „Русија сака да види крај“ на својата инвазија во целосен обем.
„Но, може и да одолговлекуваат со време“, призна Трамп.
Американскиот претседател додаде дека и самиот користел иста тактика во минатото за да купи време.
„Тоа го правев многу години. Како да не сакам да потпишам договор, сакам да останам во игра, но можеби не сакам да го направамтоа до крај. Не сум сигурен“, порача Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…