Објавено на:

Трамп со закани: Дали е на повидок нова војна?

t

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати остро предупредување до Иран, нагласувајќи дека „работите ќе тргнат на лошо“ доколку не биде постигнат нов нуклеарен договор. Неговата изјава доаѓа еден ден откако Техеран потврди дека одговорил на писмото на Трамп, во кое тој повикува на преговори.

„Претпочитам да постигнеме договор со Иран. Но, ако тоа не се случи, работите ќе станат непријатни за Иран“, изјави Трамп, оставајќи простор за дипломатско, но и за можеби поагресивно сценарио.

Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Абас Арагчи, потврди дека Техеран одговорил на писмото, но не ја обелодени неговата содржина.

„Писмото на Трамп содржеше како закани, така и апели за дипломатија. Нашиот став останува јасен – нема директни преговори со САД под закани и максимален притисок. Но, индиректни контакти, како и досега, се можни“, изјави Арагчи.

Иран веќе неколку години значително ја унапредува својата нуклеарна програма, а според извештаите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), моментално поседува резерви од 60% збогатен ураниум – доволни за производство на шест нуклеарни бомби доколку тој ураниум се збогати до 90%.

Додека САД бараат нов договор, Иран предупредува дека секој воен напад ќе има последици. Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад Багер Калибаф, јасно порача дека „доколку САД преземат воена акција против Иран, нивните сојузници во регионот и воените бази ќе станат небезбедни“.

Останува да се види дали предупредувањата на Трамп се дел од стратегија за враќање на Иран на преговарачка маса или најавуваат нова ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…