Објавено на:

Трас денеска ќе го објави планот за обнова на Украина

t

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас денеска ќе го објави сеопфатниот долгорочен план за помош во обновување на Украина, кога ќе заврши тамошната војна, најавуваат медиуми.

Трас на конференција за обновување на Украина во Швајцарија, ќе ги претстави британските проекти за краткорочна поддршка на земјата со испраќање хуманитарна помош, но и долгорочна, со цел да закрепне украинската економија преку британското знаење на финансиско и на економско поле, информираше нејзиното Министерство.

Во 2023 година, Велика Британија планира да организира конференција за обнова на Украина и да отвори канцеларија во Лондон за да ја координира оваа работа.

– Закрепнувањето на Украина по руската агресија, ќе биде знак на моќта што демократијата ја има над автократијата. Со тоа ќе му се покаже на Путин дека неговите обиди за уништување на Украина, само доведоа до посилна, поразвиена и пообединета земја, нагласи Трас пред конференцијата во Лугано.

Во средата, британската Влада објави за издвојување на 1,16 милијарди евра дополнителна воена помош за Украина, со цел земјата да одговори на руската инвазија. Помошта вклучува системи за противвоздушна одбрана и беспилотни летала.

Со ова издвојување, вредноста на британската воена помош за Киев се зголеми на 2,3 милијарди фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полјански за воената операција на Русија: Можеме…

Полјански за специјалната операција: Може да биде…

Украина го зголемува воениот буџет

Украинскиот парламент одобри зголемување на трошоците за…

Земја, која со оружје помага друга земја,…

Професорот Љубомир Цуцуловски на Фејбук објави кратка…

Меѓународната на нозе: Британец, Швеѓанец и Хрват…

Уште пет странски платеници кои се бореле…

Донацијата за Украина нема да влијае на…

Три одлуки за донирање на воена помош…