Објавено на:

Трајановски: Арсовска за 100 дена исчисти 100-тици депонии, ги намали цените на паркингот, а за прв пат седниците на советот се емитуваат во живо

t

Завршувањето на реконструкцијата на Универзална Сала никогаш не било доведено во прашање. Градоначалничката е во право кога вели дека безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет, а штом самиот проект претрпел повеќе измени од првично прифатениот е доволен аргумент и водено индикатор за да се провери постапката, вели во разговор за „Локално“ , Александар Трајановски совеник во Град Скопје од редовите на ГРОМ.

Според него динамиката на реконструкцијата не е во тоален застој и истата е искористена за дневно полички цели, со оглед на тоа што во зимските месеци не се гради, а градежната сезона штотуку започнува.


Поминаа 100 дена од новата градска власт во Скопје, што се промени и какви резултати досега се постигнаа?

Од официјалното преземање на кабинетот, новоизбраната градоначалничка започна со масовно чистење на дивите депонии кои како локации, беа веќе утврдени од претходно или во непосредни разговори и поплаки на граѓаните за време на средбите во кампањата. Граѓаните навистина имаа впечаток дека нивото на хигената во градот е драстично намалена. Намалувањето на цената на паркингот исто така е една од мерките која од неодамна стапи на сила. За прв пат седниците на Советот на Град Скопје се снимаат и одат во живо на каналите на Град Скопје на социјалните мрежи, ова е чекор напред во однос на транспарентоста и отвореноста кон граѓаните. Од друга страна пак, што ви останува да направите на месец и полoвина пред крајот на веќе изминатата буџетска година. Што сакам да кажам, со поместувањето на локалните избори од традиционално априлскиот термин во октомвриското средномесечие, новоизбраните градоначалници ја преземаат функцијата непосредно пред креирање на новиот буџет за годината што претстои или го затекнуваат процесот на креирање и планирање. Паралелно на ова наследуваат веќе испроектиран и испланиран буџет кој е влезен во последниот квартал и на кој не можат никако да влијаат. Вака поставената ситуација придонесува новизбраните градоначалници, својата програма ефективно да ја вметнат во новиот буџет дури после првиот квартал. Со ова, нивниот ефект и програма ќе дојдат до израз најрано после првиот квартал од новата година . Затоа сметам дека локалните избори треба повторно да се вратат во априлскиот термин и ова ќе овозможи новите градоначаници многу побрзо да ја имплементираат програмата во Буџетот, кој се затекнува на средина на буџетската годината.

Од минатото раководство на Градот често знаеја да се пофалат дека го намалиле загадувањето иако тоа е борба која не е „од денес за утре“. Каде вие и новото раководство ја продолживте?

Како член на Советот на Град Скопје и во претходниот состав од 2017-2021 година одговорно тврдам дека оваа проблематика на претходното раководство, целосно беше запоставена и игнорирана. Освен кредитираните 30 автобуси на природен гас и субвенциите за инвертер клими, средства кои патем дојдоа од Владата, Град Скопје речеси и да немаше сопствена политика за справување со загадувањето. Напротив, популистички се обидуваа да си препишат заслуги кои пред се, произлегуваа од благите зими и временските поволности изминативе неколку години. Немавме тешки и ладни зими кои најчесто се индикатор за зголемно загадување, барем кај нас.

Изминативе денови актуелна тема беше Универзалната сала.За власта проектот е безбеден, за градоначалничката проектот има многу недоследности.Кој е вашиот став по ова прашање?

Завршувањето на реконструкцијата на Универзална Сала никогаш не било доведено во прашање. Градоначалничката е во право кога вели дека безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет, а штом самиот проект претрпел повеќе измени од првично прифатениот е доволен аргумент и водено индикатор за да се провери постапката. Што се однесува до динамиката на реконструкцијата сметам дека не е во тоален застој и истата е искористена за дневно полички цели, со оглед на тоа што во зимските месеци не се гради, а градежната сезона штотуку започнува.

Дали Градот Скопје има добра соработка со советниците?

Сметам дека е премногу рано за да дадеме оцена сега. Од тоа што јас го забележувам е дека подадена рака има и дека предлог- амандмани за Буџетот на Град Скопје уште на првата буџетска расправа беа прифатени, а истите доаѓаа од различни советнички групи вклучувајќи ја и опозицијата. Ова го кажувам затоа што во претходните четири години, одговорно тврдам дека ниту еден предлог -амандман од опозицијата не бил прифатен.Во претходниот мандат, соработка и слух за предлозите кои доаѓаа од опозицијата навистина немаше, иако истите биле конструктивни, сите до еден беа отфрлени. Сега иако можеби е рано, мојот впечаток е дека градоначаничката Арсовска е отворена за соработка, нормално во рамки на можностите и ингеренциите на Град Скопје.

Пристигнуваат ли до вас поплаки и предлози од страна на граѓаните?

Секако дека пристигнуваат , граѓаните често ни приоѓаат и ни се обраќаат на нас советниците за проблемите со кои се соочуваат како и даваат предлози за кои тие сметаат дека би придонеле Скопје да биде подобар град. Најчесто забелешките и поплаките се однесуваат за комуналните работи, состојбата на улиците и секако административното обраќање до Град Скопје како институција. Граѓаните сметаат дека процедурите за издавање одредени барања и документи од Град Скопје треба да бидат поедноставени и целосно дигитализирани без физичка комуникација, за што сметам дека се право и е процес кој со одолговлекувањето веќе почнува да доцни. Што се однесува до предлози од граѓаните, најчесто тоа се практични идеи или искуства кои луѓето ги виделе во некоја европска или светска метропола и сметаат дека истата би можела да биде функционална и кај нас во Скопје.Службите на Градот секогаш биле и треба да бидат отворени за соработка со советниците. Впрочем врз основа на оваа комуникација ние советниците ги добиваме потребните информации за динамиката на работата на Градот по одредено прашање или проект. Транспарентноста и отвореноста на градските служби е од круцијално значење, а мое лично мислење е дека во градската админстрација навистина работат луѓе кои си ја знаат работата.

Лидерот на партијата ГРОМ, воедно и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски вели дека нема кооперативност со Арсовска.Дали и другите општини имаат проблем во сооработката со градот?

Сметам дека не станува збор за проблем во соработката и дека оваа инфомрација беше малку пренагласена од страна на медиумите. Доколку ме прашате мене станува збор за две личности кои сосема поинаку и пристапија на работата и функцијата. Од една страна градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски кој е со неприкосновено искуство во локалната политика и секако експересно сакаше да навлезе во реализација на својата изборна програма, а од друга страна Данела Арсовска е нов лик на политичката сцена, кој оправдано и очекувано навлезе порезервирано во процесите надвор од директните ингеренции на Градот.

Дали имаше реакции откако Јакимовски ги следеше и снимаше чистачите на „Комунална“ кои не ја чистеа Општината?

Ова не е проблем кој ја засега само Општина Карпош, туку сите Општини во Скопје и истиот не е настанат сега. За оваа проблематика јас имам говорено во Советот на Град Скопје и во претходниот мандат, а претходното раководство на Ј.П „ Комунална Хигена- Скопје“ не најде инструмент како да ја следи ефикасноста на работниците кои чистат на терен, па оваа слика на која реагираше и градоначалникот Јакимовски стана честа појава. По рекцијата на градоначалникот Јакимовски , новиот директор на Ј.П „Комунална Хигена Скопје“, г-дин. Зухди Енуз, веднаш побара средба на која беше договорено во периодот што претстои Општина Карпош и Ј.П „Комунална хигиена – Скопје“ координирано да ја одржуваат хигиената во интерес на граѓаните, а оваа практика верувам дека ќе биде пресликана и во другите Општини во Град Скопје.

Извор: Локално

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Копаат ровови за гробници, полицијата секој ден…

Масовните гробници кои во последните неколку дена…

БОМБА од Украина: Порошенко се обидел да…

Поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко се…

Кулеба се пофали: Пристигнува ново тешко оружје…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба…

Бугарскиот европратеник Ќучук: После толку обиди за…

Бугарскиот европратеник и известувач за Македонија, Илхан…

САД не престанува: Нови санкции за две…

САД денеска воведоа санкции за две руски…