Трајанов: Се отвора расправа за една изборна единица

t

„По повеќе од две години блокада, денес во Парламентот ќе започне расправа по Предлог-измените на Изборниот законик, со кои се предлага Македонија да биде една изборна единица, при што останува пропорционален модел, без изборен праг и решение за самостоен настап на помалите етнички заедници“ соопшти пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов.

Тој посочи дека „со измените се создаваат еднакви шанси за полититички натпревар на партиите и независни кандидати за пратеници, се обезбедува иста тежина на секој глас и основи за демократизација на изборните правила и на државата во целина“.

„Составот на парламентот ќе биде одраз на волјата на граѓаните, повеќе партии и поединци ќе влијаат во носењето на круцијални одлуки, водејќи сметка за стратешките и национални прашања. Ги повикувам сите предлагачи и пратеници да се вклучат во расправата и преку сериозна и аргументирана дискусија да се одлучува“ вели Трајанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кос: Црна Гора и Албанија со најголем…

Албанија и Црна Гора постигнаа поголем напредок…

Касами: Партиите од ВРЕДИ заедно ќе настапат…

Партиите кои ја сочинуваат коалицијата „ВРЕДИ“ се…

(Видео) Хорор во Торино: Туристички автобус без…

Во Торино во средата се случи несреќа…

Маж допирал тинејџерка на автобуска постојка во…

Осумнаесетгодишна девојка пријавила дека била допирана од…

ДА ГО СМЕНЕВТЕ ЗАКОНОТ НАСИЛНИКОТ ЌЕ БЕШЕ…

Во врска со видео записот кој беше…