Објавено на:

Тргна денот: Македонија има европски шампион! Борачот Владимир Егоров е предвесник за победата на фудбалерите?

t

Македонскиот борач со руско потекло, Владимир Егоров, е нов европски шампион во категоријата до 57 килограми, откако попладнево славеше во големото финале на ЕП во Будимпешта против Алијабабас Рзазаде (Азербејџан) со 10-0.

Ова е фантастичен почеток на вечерта, која лесно може да биде една од најубавите во историјата на македонскиот спорт, со оглед што фудбалерите подоцна ќе ги одмерат силите со Португалија (20.45 часот) во клучниот меч во Порто по кој подобриот ќе се пласира на Мундијалот во Катар, анализира Спорт1.

За Егоров ова беше трет триумф на континенталниот собир во унгарската престолнина, откако вчера ги совлада Германецот Никлас Штехеле со 5-4 и Ерменецот Манвел Хнџрстјан со 10-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Технички секретар во АЕК со завршено…

На огласот за работна позиција технички секретар…

Големо намалување на горивата, ова се новите…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…

И бурекот ќе стане луксуз: Една четвртина…

И лебот станува луксуз за граѓаните. Во…

За влез во државата се чека околу…

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…

(Фото) Удрен велосипедист во центарот на Скопје

Во овој момент во центарот на Скопје…