Тревога во Украина: Следува ужасен крај на битката за два града, вели советник на Зеленски

Русите со недели со жестоки напади се обидуваат да ги освојат Северодоњецк и Лисичанск, последните два преостанати града под контрола на Украина во областа Луганск. Борбите се претворија во крвава војна, при што двете страни претрпеа големи загуби. Но, руските сили постигнаа значителен напредок во последните две недели.
„Битката влегува во еден вид страшен крај“, изјави Арестович во интервју.
Серхи Хајдаи, гувернерот на Украина во Луганск, утринава изјави дека „руските сили напредуваат успешно“, додавајќи дека Русите го освоиле Лоскутивка, село јужно од Лисичанск и се заканиле дека целосно ќе ги опколат украинските бранители.
Што се однесува до Северодоњецк, се верува дека руските сили го контролираат речиси целиот град. Единствен исклучок е хемиската фабрика за азот, во која се кријат стотици цивили и украински бранители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарија не поддржува почеток на преговори за…
Унгарија нема да го поддржи предлогот на…
Зeленски: Украина можеби никогаш нема да влезе…
Членовите на алијансата предводена од САД во…
Кулеба: Украина ќе продолжи во битката против…
Украина ќе продолжи во битката против руската…
Нема НАТО за Украина, туку само патоказ
Блокот предводен од САД вети „интероперабилност“ -…
НАТО: Русија има огромна зимска залиха на…
Руските сили се подготвуваат за нови напади…