Три европски земји ги удвоиле количините на транспортирана руска нафта од почетокот на кризата

Поморските компании во три од најголемите поморски земји на Европската Унија, Грција, Кипар и Малта, го удвоиле количеството транспортирана руска нафта од почетокот на рускара воена операцја во Украина на 24 февруари, пренесува „Индипендент“.
Компаниите и бродовите поврзани со овие три земји во мај транспортирале во просек по 58 милиони барели руска нафта, објавија британските медиуми, повикувајќи се на анализа на невладината организација „Глобал Витнес“.
Тоа е речиси двојно повеќе од 31 милион барели што заедно ги транспортирале во февруари. Според „Ројтерс“, трите земји имаат најголема бродска флота во ЕУ.
Бродовите поврзани со Грција, Кипар и Малта ги исмеваат напорите на ЕУ да ја санкционира воената машина на Путин, додека го одржува протокот на пари кон Русија – вели за „Индипендент“, Луис Годар, виш советник за истражување на податоци во „Глобал Витнес“.
Според „МАркет инсајдер“, нема докази дека компаниите и танкерите што превезуваат руска нафта ги прекршуваат санкциите на ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фатени живи: Битолчани краделе нафта од машина…
Полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги…
Пад на цената на нафтата на светските…
Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа…
Американски полковник: Киев ја има последната шанса…
Американски полковник: Киев ја има последната шанса…
Цената на гасот во Европа достигна 2350…
Цената на гасот во Европа се зголеми…
Гас “има снемано”: Поради ремонт Гаспром исклучува…
Руската енергетска компанија „Гаспром“ ќе ја прекине…