Тупанчевски контра синдикатот: Само 25% од матичарите штрајкуваат, останатите си одат на работа

t

Вработените во Управата за водење на матични книги продолжуваат со штрајкот. Бараат усвојување на колективен договор на ниво на работодавач, линеарно покачување на платите за 30% и подобрување на условите за работа. Министерот за правда, Никола Тупанчевски, вели дека во преговорите со Управата успеале да се договорат за неколку точки. Истакнува дека треба да се потпише колективен договор, но додава дека нивните барања се вон законските регулативи.

Министерот вели дека штрајкуваат само 20-25% од вработените, додека останатите се на своите работни места.

На ваквата изјава на министерот, со реакција се јави Синдикатот на Управата за матични книги, од каде рекоа дека на штрајк се околу 70% од вработените.

-По повод изјавата на Министерот за правда Г-динот Тупанчески дека штрајкуваат 30% од вработените во Управата за водење на матични книги, најодговорно тврдиме дека околу 70% од вработените се вклучени во штрајкот т.е. штрајкуваат согласно напатствијата од штрајкувачкиот одбор од синдикатот. Напоменуваме дека вработените своерачно се потпишани за штрајк. Наместо надлежните да шпекулираат со колкава бројка се штрајкува, уште еднаш ги повикуваме да продолжиме со социјален дијалог и да изнајдеме конечно решение околу нашите барања, велат од Синдикатот на управата за матични книги.

Штрајкот почна на 27 април, а уследи како резултат на тоа што вработените веќе три години не наидуваат на слух од надлежните органи за покачување на платите во матичните служби, кои достигнуваат до 14.500 денари, што е помалку од минимална плата. Штрајкувачите порачуваат доколку не се постигне договор, повторно ќе се соберат и ќе излезат на протест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Така ќе победат во војната: Украина ги…

Врховната Рада на Украина изгласа забрана за…

Дали Украина ќе уништува 100 МИЛИОНИ КНИГИ…

Ако Олександра Ковалова, директорка на Украинскиот институт…

(Видео) Америка назад во 18 век: Масовно…

Контроверзниот пастор Грег Лок од Тенеси организираше…