Објавено на:

“Турнејата” продолжува: Зеленски ќе се обрати пред албанските пратеници

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се очекува да се обрати пред албанскиот Парламент на следната пленарна седница, јави дописничката на МИА од Тирана.

Топ чанел објави дека Зеленски се согласил да се обрати со видео порака до албанските народни избраници и оти во албанскиот Парламент се подготвуваат за неговото обраќање, во вторник во 10 часот.

Во последните неколку недели, украинскиот претседател со видео пораки се обрати во парламентите на неколку европски земји.

Албанија, сојузник во НАТО, застана на страната на Украина, осудувајќи ја руската агресија и наметнувајќи санкции кон Русија.

Во земјата до сега пристигнати се околу 400 украински бегалци, на кои им е дадена привремена заштита според целосните законски одредби за азил.

Со посебна одлука на Владата, украинските државјани имаат право да влезат и да останат во Албанија без дозвола за престој, во период од една година. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон “преживеа”: Не успеа гласањето недоверба во…

Француската влада денеска со мало мнозинство го…

И Албанија старее: Повеќе од половина од…

Албанија старее откриваат последните податоци. Денес повеќе…

Вархеји: Членството на Албанија во ЕУ е…

Комесарот за добрососедска политика и проширување Оливер…

Руска блогерка обвинета за шпионажа бара азил…

Руската блогерка Светлана Тимофеева (34), која беше…

Албанија ќе ѝ врати на Македонија незаконски…

Незаконски изнесени икони од Македонија кои завршиле…