Објавено на:

Турската телевизиска серија „Балканска приказна” што се снима во Скопје од утре на екраните

t

Ертан и Јованка, кои образованието го завршија во странство, се враќаат во Македонија…

Ертан и Јованка ќе ја бараат среќата но со тешка борба…

„Balkan Ninnisi“ или Балканска приказна, една од најамбициозните продукции за Турција снимена во странство по долги години, започнува со прикажување на првата епизода на ТРТ1 од утре, 21 јуни со почеток во 19:00 часот по македонско време. Гала промоција на Балканска приказна ќе се одржи и во Скопје, со прикажување на првата епизода од серијата утре, во Куршумли ан во Старата скопска чаршија.

Балканска приказна го привлекува вниманието не само со својата искрена, срдечна и весела приказна, но и со својата маестрална актерска екипа.

Познатиот уметник Ердал Озијаџилар, кој дојде во Скопје по серијата „Елведа Румели“ која се емитуваше пред повеќе години и стана центар на вниманието во Македонија, во серијата го толкува ликот на „Кофтеџи Сулејман“.

Серијата Балканска приказна, во која Ердал Озијаџилар ги дели главните улоги со Озлем Туркад, Емре Беј и Мерих Озтурк, е во продукција на Јалчин Ари и Угур Узунок, а режијата е на Доан Умит Караџа и Волкан Капкин. Освен нив, како актерски имиња се појавуваат и

Хакан Бојав, Сузан Акбелге, Сарп Бозкурт, Ѓозде Чиаџи, Џан Колукса, Дениз Ѓуркан, Емине Халил, Сулејман Кара, Ерман Шабан, Каан Тургут, Бурак Рахман.

Првата епизода од „Балканска приказна“ на екраните ТРТ 1, утре 21 јуни со почеток во 20:00 часот/ 19:00 часот по македонско време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство обоено во “крв”

Демонстрантите на денешниот протест пред Министерството за…

Петровски: Не Груевски, другарчињата на Мицкоски ќарат…

Сите другарчиња на Мицкоски се амнестираат со…

Николовски: Цело ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните…

Цело ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени…

Петровски: Мицкоски по пеењето кај Ескобар е…

Пратениците се тотални анонимуси, две овци да…

ОЈО бара притвор за лицето кое ги…

Oсновното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за…