Објавено на:

Турски специјалци пристигнуваат во Косово

t

Министерството за одбрана на Турција денеска соопшти дека на барање на НАТО во следните два дена во Косово ќе испрати специјални сили кои ќе бидат стационирани во касарната во Призрен и ги повика спротивставените страни на воздржаност.


Како одговор на барањето добиено од Здружениот штаб на НАТО во Неапол, поради настаните на северот на Косово, „се планира испраќање турски сили во касарната „Султан Мурат“ во Косово на 4 и 5 јуни, се вели во соопштението на турските власти.


Како што е прецизирано, станува збор за членови на баталјонот командоси од 65-та механизирана пешадиска бригада од Киркларели, кој претходно бил распореден во состав на КФОР.
Во соопштението се додава дека Турција продолжува да придонесува за регионалниот и глобалниот мир и стабилност во рамките на мисиите на ОН, НАТО, ЕУ и ОБСЕ.


„Во овој контекст, нашата земја внимателно ги следи настаните на Балканот, каде што ги споделивме историските и културните вредности, зазема конструктивен став и повикува на воздржаност од страната на страните, како и за решавање на последните настани во пријателскиот и братскиот северен дел на Косово, кои и штетат на регионалната безбедност и стабилност, преку дијалог“, соопшти турското Министерство за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…