Турција бара воведување санкции против Израел
Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан денеска изјави дека времето за дипломатија е завршено и дека треба да се воведат санкции кон Израел.
-Ги преминавме границите на зборовите, дипломатијата, политиката, стигнавме до крајот, ни требаат други инструменти, рече Фидан на конференцијата за иднината на Палестина во Анкара.
Турскиот министер додаде дека меѓународната заедница треба да преземе правни мерки, да го бојкотира Израел, кој повеќе не смее да добива никаква поддршка на ниту едно поле.
-Во спротивно, Израел ќе продолжи со геноцидот и масакрите во Газа, бидејќи во моментов не ја плаќа економската, политичката или воената цена, додаде турскиот министер, кој за време на конференцијата изрази загриженост дека меѓународното внимание ќе биде „одвлечено од Газа“ и би биле насочени кон израелските напади врз Либан.
Според него, и оние кои го поддржуваат Израел мора да платат цена, за да сфатат дека има граници на тоа што го прават.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еве колку забраните за пушење го намалија…
Никотинската гума за џвакање беше произведена во…
Турција бара воведување санкции против Израел
Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан денеска…
Иранските авиокомпании ги укинуваат летовите до ЕУ
Иранските авиокомпании ги прекинуваат врските со дестинации…
Сијарто: Унгарија и Гаспром преговараат за дополнителни…
Унгарија и руската компанија „Гаспром“ преговараат за…
Вучиќ му се заблагодарил на Путин за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека имал…