Објавено на:

Турција го повика на разговор американскиот амбасадор за коментар на социјалните мрежи

t

Турското Министерство за надворешни работи го повика американскиот амбасадор на разговор за да ја изрази својата нелагодност поради предупредувањето што амбасадата го објави на својата веб-страница во врска со вчерашниот митинг на опозицијата во центарот на Истанбул.

Извори во МНР изјавија дека Анкара му кажала на амбасадорот Џеф Флејк дека во американските изјави има неосновани наводи за мерките што ги преземале турските полициски сили за време на демонстрациите.

Илјадници луѓе се собраа вчера на протест против осудата на водечкиот турски опозициски политичар Џанан Кафтанчиоглу, кој е обвинет за навреда на претседателот и државата.

Американската амбасада во Турција на 18 мај објави предупредување на својата веб-страница за можна интервенција на полицијата за време на демонстрациите на опозицијата.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фенгхе: Кина не може да се “скроти”,…

Кинеската Народноослободителна армија не се плаши од…

ЕУ загрижена за зголемениот обем на трговија…

Земјите од Европската Унија се сè позагрижени…

ФБИ: Безбедносните агенции се соочуваат со закани…

Федералното биро за истраги и Министерството за…

(Видео) Едно лице загина, две се повредени…

Едно лице загина, а две се повредени…

Захарова: На САД не им успеа да…

Плановите на САД да ја изолираат Русија…