Турција: Западот да престане да шири паника околу Украина

Западните земји би требало да избегнуваат изјави што би можеле да предизвикаат паника околу ситуацијата во Украина, смета Мевлут Чавушоглу, шефот на турската дипломатија, известува Агенција Анадолија.
Неговата изјава следуваше откако САД предупредија дека руската инвазија на Украина би можела да започне „кога било“.
Чавушоглу во изјава за медиумите рече дека таква инвазија не би била правилна, но и дека западните земји би требало да бидат внимателни во врска со изјавите што можат да предизвикаат паника.
Тој додаде дека е неопходно да се биде подготвен за криза меѓу Русија и Украина, но дека Турција не е во паника.
Москва неодамна позиционираше над 100.000 војници во близина на Украина, што предизвика стравувања дека Кремљ би можел да планира уште една воена офанзива против својот поранешен советски сосед.
Русија негираше дека се подготвува за инвазија и ги обвини западните земји дека ја поткопуваат нејзината безбедност со ширење на НАТО кон нејзините граници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советот за безбедност на ОН не ја…
Советот за безбедност на ОН не ја…
Нов силен земјотрес го погоди регионот Кахраманмарс…
Земјотрес со јачина од 4,5 степени денеска…
Во иста држава живееме? Каевски вели со…
Со зачленувањето во НАТО заокруживме една од…
Левица со дрвја и камења по НАТО:…
Политичката партија Левица одново удри по НАТО,…
Се чека уште Турција да пресече: Унгарскиот…
Унгарскиот парламент на состанокот во понеделникот гласаше…