Турција преговара со Вашингтон да биде изземена од санкциите за рускиот гас

t

Турција преговара со САД за изземање од санкциите против Русија за да продолжи да купува руски гас, изјави министерот за енергетика Алпарслан Бајрактар.

Говорејќи по состанокот на владата, Бајрактар ​​посочи дека одлуката на САД да воведат санкции за Гаспромбанк, делумно во сопственост на гасната компанија Газпром, може да создаде проблеми за Турција.

– Можеме да ги почувствуваме последиците. Нема да можеме да платиме, а ако не можеме да платиме, нема да можеме да купиме гас. Нашето Министерство за надворешни работи продолжува со преговорите за ова прашање, рече тој.

Министерот нагласи дека на неговата земја ѝ е потребен гас за да ја обезбеди побарувачката и потсети дека исклучок за гасот е применет со санкциите против Иран.

– На нашата индустрија и треба гас. Како што знаете, имаше санкции против Иран во минатото, но имаше исклучок за природниот гас. Ние сакаме таков исклучок од САД и за рускиот природен гас, рече тој.

Бајрактар ​​истакна и дека чекорот се прави на крајот на мандатот на претседателот Џо Бајден.

– Не ја разбираме администрацијата на Бајден што заминува. Остана уште месец и половина. Негативната страна е што е тешко да се укинат овие ембарга преку ноќ. Ако Турција не добие изземање, целта не е Русија, туку Турција. Нели е така?, праша министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добра вест од Анкара – Пет од…

Добрата вест денеска стигна од Турција, од…

Турција ќе отстранува кучиња од улиците откако…

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја…

Турција внимателно ќе ја разгледа можноста за…

– Турција ќе процени дали да испрати…

Турскиот МНР: Постапките на Трамп се сигнал…

Постапките на американскиот претседател Трамп се „повик…

Вашингтон ја преиспитува суспензијата на помошта за…

Белата куќа синоќа соопшти дека ја преиспитува…