Турција се пишмани: Босфор и Дарданели отворени за слободен проток на руски бродови

Турските протоци се отворени за минување на руските бродови, изјавија за Спутник од Администрацијата за безбедност на крајбрежјето на Истанбул, нагласувајќи дека не добиле поинаква одлука.
„Протоците се отворени. Поинакво решение не добивме“, посочија во Управата.
Руската амбасада во Турција соопшти дека не добила никакво официјално известување од турска страна во врска со затворањето на морето за минување на руски воени бродови.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски претходно на Твитер објави за затворање на морињата во Турција за руските воени бродови.
Сепак, тој во пораката не прецизира дали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја донел таа одлука или не.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу вчера, по повод повикот за затворање на морињата за руските бродови, изјави дека Анкара ќе ги почитува сите точки од Конвенцијата од Монтре и нема да применува двојни стандарди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…