Уапсени две лица од тетовско: Возеле со брзина поголема од дозволената

t

На 21.04.2025 во 15.00 часот на регионален пат Тетово-с.Јажинце, на влез за с.Теарце, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Е.А.(28) од с.Порој, тетовско, кој управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 103 км на час на место каде максималната дозволена брзина е 50 км на час во населено место.

Додека, во 18.54 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај место викано „Студена вода“, полициски службеници го лишиле од слобода С.Р.(35) од с.Ѓермо, тетовско, кој управувал патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки со брзина од 173 км на час на место каде каде дозволената максимална брзина е 100км на час, надвор од населено место.

Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…