Уапсени сопружници од Штип: Си печателе пари дома

По преземени мерки и активности Секторот за внатрешни работи Штип расчисти случај на фалсификување пари и од слобода ги лиши сопружниците Б.Ф.(38) и С.Ф.(33), двајцата од Штип. При преземањето мерки било утврдено дека Б.Ф. испечатил четири банкноти од 1.000 денари од кои три ѝ дал на С.Ф., а четвртата ја фрлил бидејќи била оштетена. Исто така, било утврдено дека С.Ф. една од банкнотите разменила со малолетничка од Штип за две по 500 денари, една дала на лице од Штип за да подмири долг кон него, а последната, откако слушнала дека делото е пријавено, ја скинала и фрлила.
Банкнотите биле пронајдени и одземени, како и печатачот и компјутерот на кој биле направени. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вратен избеган затвореник од затворот во Штип
На 07.02.2023 во 20.35 часот во Радовиш,…
Последниот нека го изгаси светлото: 81 ученик…
Осумдесет и еден ученик од штипските основни…
Судски полицаец од Штип пронајден мртов!
Судски полицаец од Штип, кој бил на…
Кој стигне краде: Приведени седуммина крадци во…
Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при…
ШТИП И КАВАДАРЦИ ВЕЧЕРВА КАКО ГАСНА КОМОРА:…
Кавадарци вечерва е како гасна комора, а…