Објавено на:

Уапсено лице кое сакало да убие судија на Врховниот суд на САД

t

Американското Министерство за правда синоќа обвини лице задржано во близина на домот на Брет Кавано, судија на Врховниот суд на САД, кое се заканувало дека ќр го нападне и киднапира судијата.

Николас Џон Роске (26), допатувал до домот на судијата во Мериленд, а поттоа се јавил во службата за итна помош и кажал дека има самоубиствени намери и дека носи пиштол во ташната. Ова било причина за негово задржување, се наведува во тужбата.

На истражителите тој им рекол дека дошол од Калифорнија да убие „одреден судија на Врховниот суд“. Според документите од истрагата се дознава дека Роске бил вознемирен од протекувањето на документ на Врховниот суд поврзан со информации за правото на абортус, за случај кој наскоро треба да се разгледува за контрола на оружјето во САД и масакрот во училиште во Јувалде Тексас.

-Роске изјави дека судијата што тој се обидел да го убие би гласал за намалување на првата од Вториот амандамн. Тој размислувал како да го даде животот за некаква цел и кауза и одлучил дека може да го убие судијата на Врховниот суд, се наведува во тужбата.

Тој би го сторил тоа со провалување во домот на судијата, а потоа планирал да изврши самоубиство.

Според ФБИ, во ташната на Роске биле најдени спреј со солзавец, два магазина со муниција, пиштол „Глок“, и зип лисици. Тој носел и чекан, штрафцигер, шипка, полесен пиштол и салотејп.

Текстот е преземен од Лидер.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пензиониран српски дипломат: САД лажат, не помагаат,…

Лажното застапување на Америка: Не сакаат дијалог…

САД праќаат нова тура воена помош во…

САД се подготвени да и дадат на…

Москва: САД се на работ да станат…

Постојаната поддршка на Вашингтон за Киев за…

Стејт департментот тајно го предупредил Конгресот за…

Стејт департментот тајно го предупреди американскиот Конгрес…

Портпаролот на кинеското МНР ги обвини САД…

Кинеското МНР објави фотографија од седумте „подвизи“…