Уапсен началникот на Блаце!

t

Заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши за ТВ21 потврди дека е уапсен началникот на смената на преминот Блаце, кој со скриена камера е фатен како бара 20 евра за патниците кои влегуваат во Македонија.

„Внатрешната контрола веднаш по добивањето на веста го уапсила“, потврди заменик министерот.


Се дознава дека првопријавениот е Е.Ш од Скопје, началник на смена на преминот меѓу Макеоднија и Косово, додека другиот полицаец кој се појавува на видеото се дознава дека е З.Р.

Скандалот беше откриен откако бизнисмен, кој се занимава со превоз на патници, го осуди во емисијата „Стоп“ на ТВ Клан притисокот на граница што му се врши со барање мито за услуга која треба да биде бесплатна и која му следува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…

Светиот апостол и евангелист Јован Споменот на…

Лукаревска: Не е патриотски да се бараат…

Треба да има лидерска средба, но на…

Унгарија предлага ембарго на поморските пратки руска…

Унгарскиот министер за надворешни работи рече дека…

Борел: Храната ќе станува се поскапа

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, уште…