Уапсен тетовец: Фалсификувал дозвола за престој во Швајцарија

Полициски службеници синоќа на Граничниот премин „Ќафасан“ уапсиле тетовец откако било констатирано дека поседувал фалсификувана дозвола за престој во Швајцарија.
Синоќа во 21:25 часот на Граничен премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Д.(48) од Тетово, затоа што при контрола и проверка на документите било констатирано дека дозволата за престој во Швајцарија била фалсификувана – посочуваат од МВР.
Лицето било предадено на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Струга – Регионален центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Фотографии” од апсење на Трамп ги преплавија…
Социјалните мрежи ги преплавија лажни фотографии од…
Пронајден кокаин во вредност од 30.000 ЕВРА!…
Гостиварецот, кај кого при претрес на домот,…
Приведен кичевчанец кај кого е пронајдена марихуана
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.Б.(36)…
Пронајдени оружје и муниција, приведени две лица…
На 17.03.2023 во Прилеп полициски службеници од…
Бурна ноќ и во Софија: Апсење на…
Бурна ноќ вечерва и во Софија, бугарската…