Убиена жена од Кочани претходно пријавувала во полиција и барала заштита но не добила

Утрово во Кочани, по претходна меѓусебна расправија, средовечен маж физички нападнал 46-годишна жена, при што ѝ нанел смртни убоди од кои таа починала.
Убиството се случило пред куќата во која живеела жената, во моментот додека се подготвувала да оди на работа, а настанот го потврдија од СВР – Штип и од Општата болница во Кочани.
Утрово околу 6:15 часот на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани, 59-годишниот У.Р. ја нападнал 46-годишната Т.М. при што со нож ѝ нанел повеќе убодни рани на телото, по што таа починала. Медицинската екипа што беше повикана, констатирала над 40 убодни рани од кои жената починала на лице место, истакна Душанка Горгиева – Трпевски, директорка на Општата болница со проширена дејност.
Според првичните сознанија, причина за нападот е изнуда на пари и закана со компромитирачки снимки што напаѓачот се заканувал дека ќе ги објави јавно. Заканите биле неколкупати биле пријавувани во полицијата и во јавното обвинителство во Кочани од каде жената барала заштита но не добила.
Увид во настанот извршиле екипа на ОВР – Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на починатата е дадено на обдукција. Напаѓачот е приведен, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автобусот за Кочани остана без две гуми…
Автобус марка „мерцедес“ кој сообраќал на релација…
Нападнати полицајци во Битола, Скопје и Кочани
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.А.(43)…
Кочанчанец го сруши рекордот: Возел 5,31 промили…
Кочанчанец го сруши рекордот во Македонија по…
Трагедија во Скопје, синот си го убил…
Полициски службеници од СВР Скопје денеска околу…
Кривична пријава за скопјанецот кој запали стан…
МВР поднесе кривични пријави против две лица…