Убиецот кој ја изрешета бремената сопруга во Приштина се самоуби во присуство на полицијата!

t

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља објави дека убиецот на бремената жена М. Х. (35), 31-годишниот Сокол Халили се самоубил денеска во присуство на полицијата, откако бил локализиран од органите на прогонот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Свечља, наспроти обидите на полицијата да преговара со него, Халили одбил да се предаде и извршил самоубиство.

– По интензивната работа на сите единици, Полицијата на Косово успеа да го локализира местото каде што се наоѓа убиецот Сокол Халили. Наспроти напорите на полициските службеници да преговараат за негово предавање, убиецот изврши самоубиство. Полицијата на Косово и Полицискиот инспекторат на Косово ќе ја продолжат истрага за расветлување на сите околности на убиството на бремената жена и самоубиството на сторителот, напиша Свечља на неговата страница на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Експресно: Две лица приведени за денешното пукање…

Две лица се уапсени бидејќи се осомничени…

Престрелка во хотел во Приштина: Едно лице…

Едно лице е убиено во денешната престрелка…

Голема група од 150 луѓе се собира…

Двајцата убиени во нападот во бар во…

Ексклузивно: Двојно убиство во познат скопски локал,…

Неофицијално две лица починаа во пукање во…

(Фото) Протести во Приштина: Албанците им порачуваат…

Во американската амбасада во Приштина во моментов…