Објавено на:

УЖАС ВО НИШ: Музичар претепан до смрт бидејќи одбил да исполни музичка желба на гостин

t

А.С. (35) од Ниш е уапсен за сторено кривично дело нанесување тешки телесни повреди со смртен исход, бидејќи крвнички го претепал шеесет и осумгодишниот Ферат А., кој од здобиените повреди починал.

Како што е потврдено, трагедијата се случила на 3-ти мај, откако осомничениот и жртвата ја поминале вечерта заедно во кафеана во Ниш, пишува Новости.


-Ферат свирејќи на хармоника цела вечер го забавуваше А.С. Свиреше и пееше за него, а тој ги плаќаше и песните што ги нарача. Заедно пиеле и се дружеле за во еден момент Ферат да објави дека му е доста и дека повеќе не може да пее. Околу полноќ заедно излегле од кафулето, кога насилникот, како што се сомнева, збеснал што Ферат го одбил. А.С. брутално го претепал овој несреќен човек. Случаен минувач околу 3:30 часот го забележал неговото тело и ја известил Брзата помош. Мажот во бессознание бил пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде што набргу починал, велат извори запознаени со случајот, пренесуваат српските медиуми.

Како што се дознава, Ферат живеел во населбата Сточни трг, но често престојувал во прифатилиште за стари и немоќни лица.

Кривичниот законик пропишува казна затвор од две до дванаесет години за нанесување тешка телесна повреда по која настапува смрт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шокантно тврдење на Ненад Чанак: Русија планира…

Според политичарот од Војводина, Москва би го…

Вучиќ: Абортусот е право на жената, а…

Откако Врховниот суд на САД ја донесе…

Вучиќ не е оптимист за ЕУ

Српскиот претседател Александар Вучиќ не е оптимист…

Вучиќ свечено пушти во употреба нов аеродром,…

Денеска свечено беше отворен за воздушен сообраќај…

Трагедија во Србија: Четири млади момчиња загинаа…

Неколку часа по полноќ на локалниот пат…