Објавено на:

УЖАС: Пукање во училиште во САД, непознат е бројот на жртви

t

Во средно училиште во Виндер, недалеку од Атланта во американската држава Џорџија имало пукање во кое според американските медиуми, има неколку жртви.

МСНБЦ на Х објави дека според првичните информации во престрелката загинале најмалку две лица, а најмалку четворица се ранети. Други американски медиуми јавуваат дека има повеќе жртви, меѓу кои може да има и ранети и убиени.

Осомничениот е уапсен, соопштија властите.

Полицијата и итните медицински служби интервенирале во средното училиште Апалачи во округот Бароу околу 10:23 часот „за пријавен активен напаѓач“, се вели во соопштението од Канцеларијата на шерифот на округот Бароу.

Учениците се евакуирани и пристапот до училиштето е блокиран. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЖАС: Пукање во училиште во САД, непознат…

Во средно училиште во Виндер, недалеку од…

Приведени 12 лица: Биле затекнати како играат…

Денеска (04.09.2024) во 02:00 часот, по претходна…

Краделе луксузни автомобили: Затворски казни за 4…

Четворицата државјани на Македонија кои лани беа…

Средба Вулин-Путин: Србија нема да биде територија…

Српскиот вицепремиер Александар Вулин денеска се сретна…

(Фото) Гори шума над автопатот „Пријателство“: Пожарот…

Од Центарот за управување со кризи информираа…