Украина загуби уште еден регион: Локалните власти се обратија до Путин бараат да бидат дел од Руската Федерација!

t

Регионот Херсон апелира до Путин со повик да го вклучи во Русија изјави заменик-шефот на воено-цивилната администрација Кирил Стремусов.

Агенцијата Риа Новости и претходно ги пренесе и изјавите на Кирил Стремоусов, кој е дел од управата на регионот поставена од страна на Русија и кој зборува за иднината на Херсон: „Враќање на регионот Херсон во нацистичка Украина е исклучено“, вели Стремоусов.

Според Стремоусов, во Херсон нема да има референдум за статусот на регионот. Владата во Киев предупреди дека Русија во регионот Херсон планира референдум за независност по урнек на сепаратистичките региони Доњецк и Луганск.

Претходно Андреј Турчак за време на посетата на градот Херсон, изјави дека Русија засекогаш ќе остане во јужна Украина.

-Русија е тука засекогаш. не треба да се сомневаме во тоа. нема да има враќање во минатото. ќе живееме заедно, ќе го развиваме овој богат регион, богат со историско наследство, богат со луѓето што живеат овде , рече овој високи функционер на владејачката партија на Путин „Единствена Русија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српски суд го укина обвинението за убиство…

Aпелациониот суд во Ниш го укина обвинението…

(Видео) ХОРОР ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА: Пациентите буквално…

Пациентите во кумановската болница буквално газат во…

Трамп: САД мора да го имаат Гренланд,…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им рече…

Среде трагедија директорот на ПУИК заедно со…

Среде трагедија директорот на ПУИК заедно со…