Објавено на:

Украина знае уште колку борци се заробени во Азовстал, се трудат да ги спасат

t

Заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар изјави дека Киев знае колку борци сè уште се заробени во Азовстал, пренесе Би-Би-Си.

Но, таа одби да даде повеќе детали нагласувајќи дека таквите информации се „чувствителни“.


На брифинг таа ветила дека ќе каже повеќе кога ќе заврши „операцијата за спасување“ и нагласи дека тоа е единствениот начин да се спасат украинските бранители.

Повикувајќи се на очевидци, Ројтерс претходно јави дека најмалку седум автобуси со повеќе украински борци тргнале од челичарницата Азовстал во Мариупол.

Се чинело дека борците, кои биле придружувани од проруски сили, не се повредени, изјавил очевидец за агенцијата.

Повеќе од 260 украински борци синоќа ја напуштија челичарницата во опколениот град и беа одведени на територија под контрола на Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина “се спука” со Сирија заради признавањето…

Министерството за надворешни работи на Украина објави…

Бајден: САД и НАТО ќе ја поддржуваат…

САД и НАТО ќе ја поддржуваат Украина…

,,Третата светска војна е веќе почната”

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, изјави…

Адмирал Мајкл Хјуит: Санкциите сами од себе…

„Знам дека цената на горивото во Русија…

Сега Украина ќе напаѓа? Ќе ги вратиме…

Украина воено ќе ги врати своите територии,…